fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Денеска сончево, температурата до максимални седум степени

За утре, пак, се очекува многу студено утро со температура од нула до минус 15 степени, а сончево со мала облачност во текот на денот со максимална температура до осум степени

Сончево и студено време со мала до умерена облачност, најавува за денеска УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од минус четири до минус 13 степени, додека дневната ќе се движи од минус два до седум степени.

Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

За утре, пак, се очекува многу студено утро со температура од нула до минус 15 степени, а сончево со мала облачност во текот на денот со максимална температура до осум степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close