fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите да ги искористат програмите за поддршка на земјоделството

Трипуновски во посета на фармите Чокуз и Агро Чалтон ДООЕЛ во село Трн

Сточарите да ги искористат програмите за поддршка на земјоделството, порачува министерот Цветан Трипуновски кој вчера беше во посета на фармите Чокуз и Агро Чалтон ДООЕЛ во село Трн, Битолско.

-При средбата со сопствениците бев информиран за проблемите со кои се соочуваат, за можностите за подобрување на капацитетите на работа и искористување на програмите за поддршка на земјоделството.

Изминатиов период се зафативме со решавање на проблемите на земјоделците, ние како министерство и во иднина ќе им помагаме преку различни програми и субвенции за да имаме задоволни земјоделци, објави министерот Цветан Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close