Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Сточарите од Дебар ги продаваат овците и заминуваат по Европа и САД
Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши“, вели дека ако до пред три години вкупно во Дебарско имало над 40 илјади грла овци, моментно нивниот број е за 10 илјади помал.
Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши“, вели дека ако до пред три години вкупно во Дебарско имало над 40 илјади грла овци, моментно нивниот број е за 10 илјади помал.
-Причините пред сè лежат во фактот што младите заминаа во западно европските земји и САД. Во последните три години десет сточари, кои имаа големи стада, истите ги продадоа, а тој тренд продолжува. Влијание има и тоа што за јагниња нема субвенции. Покрај другото се соочуваме и со проблемот со недостиг на овчари. Порано ги обезбедуваме од соседна Албанија, но и тамошните млади замина на Запад, додава Аме.
Сточарите велат дека трошоците на фармите постојано растат, а цените на нивните продукти не ги следат тие поскапувања. И покрај тоа што цената на пченицата и јачменот последниов месец се намали за 10 отсто, тоа нема да влијае на намалување на нивните трошоци. Тие земаат храна во жетва и не може да чекаат цените да паднат за да ја ранат стоката.https://www.vecer.press/