вестиМакедонијаСоветиТоп вести

Без проблеми кај тутунарите

Со помош на Стопанската комора на Македонија, МКД.мк објавува серија написи за тоа каква е состојбата во македонското стопанство во услови на пандемија. Главните елементи на овие секторски анализи се неизвесност, пад во производството во споредба со лани, намалени нарачки од странство и барања за помош од државата. Целокупните договорени површини се засадени со тутун според договорите со откупувачите.

Во тутунопроизводството корона кризата не предизвика поголеми импликации во изминатиот период од воведувањето на првата вонредна состојба во месец март, па сѐ до денес. Имаше делумно отежнати услови при склучувањето на договорите помеѓу откупувачите и тутунопроизводителите во текот на месец март, со што се пролонгира рокот на склучување на договорите.

Производството на расад се одвиваше отежнато поради непогодните временски услови, а  не поради коронавирусот. Расадувањето на тутунот е извршено без некои посебни последици од ковид-19.

Кај покрупните фармери – тутунопроизводители, кои покрај членовите на семејството, производството го изведуваа со ангажирање на поголем број други работници (за корнење на расад и расадување), е посветено посебно внимание на носењето на заштитна опрема (маски и нараквици), како и дезинфекција со заштитни средства, на што посебни укажувања имаше и од страна на откупувачите кон своите кооперанти. Целокупните договорени површини се засадени со тутун според договорите со откупувачите. Договореното производство на тутун на ниво на држава е незначително помало од претходната година, но тоа е резултат на планираното производство од страна на откупните компании, а не од влијанието на вирусот Ковид 19.

Доколку во наредните месеци од вегетацискиот период на тутунот имаме поволни временски услови, и ако се надмине сегашната состојба со ковид 19, може да се очекува производство приближно на реколтата од 2020 година, смета Васко Ристовски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија.


 

mkd.mk

Слични написи

Back to top button
Close