fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите се откажуваат од овчарството поради ниската откупна цена и високите трошоци

Во Македонија ја утврдуваат откупната цена која обично е ниска за да можат извозниците да го собираат кајмакот како разлика од откупната и извозната цена.

Деновиве пред Велигден е шпиц на откупната сезона на јагниња, но сточарите воопшто не се задоволни од откупната цена која се движи од 180-190 денари за килограм жива мера. Со оглед на високите трошоци, тие сметаат дека откупната цена треба да биде најмалку 250 денари за килограм, но неколкуте откупувачи кои во Македонија ја диктираат цената ја фиксираат максимум на 190 денари.

Тие најпрвин ја договараат цената со странските купувачи, а потоа во Македонија ја утврдуваат откупната цена која обично е ниска за да можат извозниците да го собираат кајмакот како разлика од откупната и извозната цена.

„Јагнето од ден на ден старее и добива во килажа па ние колку и да калкулираме за повисока откупна цена принудени сме на крајот да ја прифатиме цената на откупувачите. Од друга страна, соочени сме со високите цени на храната за стоката за секој одминат ден, па се наоѓаме во теснец дали пригодна цена за јагнето или големи трошоци за нивното одгледување“, вели Санде Џамбазов од Штип, еден од поголемите сопственици на стада овци.

Според него, одгледувањето овци станува премногу скапо иако субвенциите што ги дава државата се редовни, но со оглед на зголемените трошоци не можат да ги покријат основните потреби за производство. Порано дел од трошоците ги покривале и од продажбата на јагнешката кожа, но денес и таа пракса не се исплаќа па, како што вели Џамбазов, кожата едноставно се фрла.
Тој и негови колеги сточари од Источниот Регион велат дека поддршката од државата е драгоцена, но сепак недоволна да ја обезбеди основната цел што Министерството за земјоделство ја има дека основните субвенции, па и допопнителните за секое откупено јагне. треба да влијаат за поголем развој на сточарството, затоа што средствата што тие ги добиваат се доволни колку да се покријат основните трошоци за храна и останатите потреби за одгледувањето на овците и нивната основна репродукција.

Сточарите велат дека во земјава голем проблем е и обезбедувањето овчари. И тие што се нафаќаат да чуваат овци и јагниња бараат речиси двојно повисока плата од лани. Ако лани платата била од 900 до 1.000 евра месечно, оваа година овчарите бараат од 1.500 до 2.000 евра.

Според сточарите, Македонија бележи постојано намалување на сточниот фонд. Ако порано во државата стадата овци се броеле со милиони грла, денес се смета дека во Македонија фондот е околу 300.000. Сите региони бележат таков назадувачки тренд. И Источна Македонија е со намален сточен фонд. Повеќе ги нема познатите стада овци во регионот на Свети Николе, на пример, како што се селата Немањици и другите места кои останаа без овци и јагниња. Драстичен пад на стадата овци бележи и Малешевијата која порано важеше за голем одгледувач.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close