Агро бизнисБез категоријаВести
Сточарот Александар од Чучер Сандево одгледува околу 30 бикови
Поддршката за женски грла говеда ја зголемуваме од 4.000 на 12.000 денари.
Министерот Љупчо Николовски ја посети фармата на сточарот Александар од Чучер Сандево. Александар е сточар, одгледува околу 30 бикови. Поразговаравме за новите мерки во сточарството, и за зголемените придобивки кои сточарите ќе ги имаат оваа 2024 година.
Поддршката за женски грла говеда ја зголемуваме од 4.000 на 12.000 денари.
Ја зголемуваме и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1000 денари. Зголемување од 120 на 150 денари имаме и кај мерката за амортизирани несилки предадени во кланичен капацитет.
Со право велиме дека оваа година е година на сточарството, објави Николовски