Стојаноски со апел до земјоделците: На 18-ти јуни заедно со нас на протест
Стојаноски потенцираше дека како држава се доведовме во услови за неколку години да се намали за 60 илјади тони производството на пченица и да питачиме во околните држави.
Овој министер за земјоделие е министер за протести. Изминатите 10 дена имаше 2 протести. Едниот протест беше во Босилово за Компирот и имаше протести во Тиквешкиот регион односно Кавадарци, Неготино и Росоман заради тоа што 11 илјади семејства не можат да ги наводнуваат поседите заради тоа што од министерство за земјоделство семетаат дека обезбедувањето на услуга за наводнување на поседите е исто како далечински управувач со клима, изјави претеникот Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната Собраниска седница.
Стојаноски посочи дека во Чешиново-Облешево 1.500 хектари односно 50 проценти од целовкупната обработлива површина не е посадена заради тоа што не се санирани каналите кои треба да донесат вода до нивите.
Стојаноски додаде дека од страна на министерот за земјоделие нема обезбедено никаков пласман за раноградинарските култури.
-Извоз за високите цени на оризот исто така не е обезбеден. Во услови кога скапуваат на македонските ниви а кога на блискиот исток има рекордна цена на раноградинарските култури зелка, краставица, домат и јаболка од страна на овој министер за земјоделие кој патем е најнеуспешен во тоа министерство нема никаков пласман обезбедено за овие култури, рече Стојаноски.
Стојаноски потенцираше дека како држава се доведовме во услови за неколку години да се намали за 60 илјади тони производството на пченица и да питачиме во околните држави.
Стојаноски додаде дека се нема никаква државна стратегија за наредната година во која Премиерот и министрите кажуваат дека ќе биде најтешката зима.
-Упатувам еден апел до сите граѓани коишто се занимаваат со земјоделство, бидејќи подобро од ова нема да биде со овие луѓе ама полошо ќе биде. Затоа е многу важно да покажеме лична проактивност за да ги смениме општествените прилики на 18ти Јуни заедно со нас на протест, предвремени избори за што побрза смена за побрзо доаѓање на достоинството на македонскиот земјоделец, кажа Стојаноски.https://lider.mk/stojanoski-so-apel-do-zemjodelcite-na-18-ti-juni-zaedno-so-nas-na-protest-predvremeni-izbori-za-shto-pobrza-smena-za-pobrzo-doagjanje-na-dostoinstvoto-na-makedonskiot-zemjodelec/