fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Духот на Преспа” ја знае тајната на слоу фуд и слоу фешн (репортажа)

Концептот на фармата е иновативен за македонски услови. Фармата е од отворен тип и нуди посета на гостите на еден ден, исполнет со различни содржини. Понудата вклучува берење на цреши, сливи и јаболка, во согласност со сезоната.

Во Македонија добро се јаде и се тера мода. Се произведува автентична храна, и има развиена текстилна индустрија. Се ужива во храната, пополека, со часови, со вистинско друштво или сакани гости, како што се пребира по облеката за гала или други настани, за себе и за другите. Македонија има евтина, органска храна, уште пред органската храна во светот да стане тренд и многу скапа. А знаеме да носиме мода од македонски дизајнери, но и скапи светски брендови.

Можеме ли ваквата традиција и дисциплина да ја пресликаме и во нашите современи модни навики? Koja е врската меѓу „slow food“ и „slow fashion“ и како новите генерации да ги едуцираме како сè можe да се вкрстат двата концепта за плодна иднина“ – е еден од проектите на есенското издание на Моден викенд-Скопје кој под слоганот „Beyond the Fields”, викендов се одржува во Битола и во Штип. Изборот на различни локации надвор од градот Скопје е во духот на интересниот проект #NoWasteMК, кој  се одвива во рамки на дваесет и четвртата сезона на настанот, реализиран со грант од Circular Design Assembly доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.На мала овошна фарма од 5 хектари, „Spirit of Prespa“ („Духот на Преспа“) , во Царев двор, во близина на Ресен, задскриено меѓу селските куќи, во присуство на британската амбасадорка Рејчел Галовеј и други уважени гости од бизнис и модниот сектор кај нас, организаторката на Моден викенд-Скопје, Света Богова – Јовановска со Слоу Фуд-Македонија, на автентична вечера, меѓу насади со јаболки, го промовираа светскиот тренд на здрава храна и мода која се однесува одговорно кон планетата и животната средина кај нас. https://nezavisen.mk/duhot-na-prespa-farma-vo-carev-dvor-ja-znae-tajnata-na-slou-fud-i-slou-feshn/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close