fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Стојче Ташовски – Како да го жнееме оризот кога треба да питачиме пред фабриките за откуп

Оризарите беа бизнисмени пред 20 години сега се социјални случаи

Жетвата на ризор почнува за две недели а оризарите се жалат дека немаат цени. Истата ситуација се отсликува во оризопроизводството како што претходно се случуваше со тутунарите и сега со лозарите.

Оризопроизводителот од Коченско Стојче Ташовски за актуелната ситуација во која се наоѓаат оризопроизводителите вели дека е крајно тешка и разочарувачка па оризарите размислуваат дали воопшто да почнат да жнеат, бидејќи и ланскиот ориз им стои непродаден во амбарите.

Ташовски пишува-Земјоделието во Македонија пропаѓа. Тиквешкото грозје кое важи за едно од најквалитетните грозја на просторите на бивша Југославија скапува пред винариите. Во тутунопроизводството барањата за квалитет на тутунот го сведоа на 1 кг тутун колку една кутија цигари.

Што да кажаме за кочанскиот бисер-оризот!? Белото злато кое е најквалитетно на балканските простори спадна на рамниште со турските сорти кои се варат како италијански шпагети. Пустош во кочанските села како да фатила чума. Некој да се занимава со оризопроизводство беше бизнисмен пред 20 години, . денеска е социјален случај. Најголемиот проблем е пласманот.

Кочанскиот оризар знае да произведе квалитетен ориз во голема количина. Да го собере оризот во октомври и откако ќе го собере почнува неговото питачење пред фабриките. Цената на оризовата арпа не ги задоволува ниту производствените трошоци. 1 вреќа од 45 кг арпа ориз чини исто колку и 25 кг вреќа вештачко ѓубриво уреа. Да не зборуваме за препаратите кои чинат колку 2 грама злато за половина хектар. За квалитетот да не зборуваме. За субвенциите…

Тие се толку минимални што ги задоволуваат само водниот надоместок спрема водостопанските претпријатија . Затоа иселувањата се максимални. Масовно се продаваат оризови површини и младите се иселуваат. Македонскиот револуционер Дамјан Груев на Смилевскиот конгрес изјавил дека подобро е ужасен крај отколку ужас без крај. Можеби тоа е решението за оризот. Можеби ќе се изнајде  достоен министер, родољуб на оваа почва македонска кој ќе го спречи погребувањето на оризопроизводството, пишува Ташовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close