fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Стомнароски-Откупувачите се нафатија да купат 2,5 милиони килограми вишок на тутун

Тоа значи дека 1 милион килограми се обврза да купи Сокотаб, Алијанса 700-800 тони, Секе 400 до 500 тони тутун и помали количини останатите откупувачи.

По средбата во Скопје, Менде Стомнароски од Сојузот на тутунарски здруженија за Зелена берза вели дека откупувачите се обврзале да преземат 2,5 милиони килограми вишок на тутун.

-Тоа значи дека 1 милион килограми се обврза да купи Сокотаб, Алијанса 700-800 тони, Секе 400 до 500 тони тутун и помали количини останатите откупувачи. За да бидеме задоволни од средбата требаше да добиеме одговор од откупувачите дека сиот тутун ќе го купат, но се надеваме дека ако остане нешто ситно за стотина тона и тоа ќе го откупат. Значи имавме договорено 23 милиони килограми тутун, сега со откупот на вишокот ќе дојде 25,5 милиони килограми тутун, изјави Стомнароски за Зелена берза по средбата во Скопје.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close