fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Стомнароски вели имало расположение во фирмите да се покачи откупната цена на тутунот

Уште е рано да речеме дека тутунот ќе биде лош, вели Стомнароски по перидот на врнежи

Расадувањето на тутунот за годинашнава реколта е при крај. Иако временските прилики не се баш најпогодни, особено заради континуираните обилни врнежи, сепак тутунарите велат дека во оваа фаза од обработката тоа и не било толку страшно, но само под услов, да нема толку дожд и кога ќе стигне за берење по околу месец, месец и половина.

Уште е рано да речеме дека тутунот ќе биде лош, затоа што сега уште се расадува, уште малку има останато, нека има уште 5% за садење, нема повеќе. Е, сега да не продолжи со врнењето баш кога ќе дојде бербата. Сега е уште подобро, барем ќе се „фати“ се’ што е насадено“, – вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија.

Од ресорното Министерство се уште нема официјални и конечни податоци за тоа колку ќе тежи годинашниот род. Ама, според пресметките на тутунарите, неофицијално, годинава имало повеќе кооперанти кои на зголемени површини ќе го садат тутунот, па нивните очекувања се дека ќе бидат произведени и поголеми количини од ланските. А тоа изразено во бројки би значело дека има над 29.000 договори за 26 милиони килограми тутун, засадени на 13.000 хектари.

Во меѓувреме, тутунопроизводителите велат дека очекуваат зголемување и на откупните цени по класи за 20 проценти, или 360 ден. да биде „кецот“, 300 “двојката“ и 240-250 ден. „тројката“.

Значи, ние уште пролетоска кога се почна со договорите, бевме во фирмите, преговаравме и значи има расположение во фирмите да се покачат цените, ама тоа пак изгледа ќе се случи како лани – на откупот со анекс-договори“, – објаснува Стомнароски за телевизијата  https://alfa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close