fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Стомнароски-Засега официјално нема покачување на цената на тутунот

Цената на тутунот кај сите откупувачи е 330 денари за кг., единствено во „Пашоски“ 335 за кг,

Официјално нема покачување на цената на тутунот во текот на откупот. Цената останува 330 денари за килограм, односно 335 денари за килограм кај откупувачот „Пашоски“, потврдува за Зелена берза Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

-Сојузот официјално нема информација дека цената за откуп за килограм тутун е покачена иако меѓу земјоделците кружат и такви дезинформации. Значи до овој момент цената е 330 деанри кај сите откупувачи, со исклучок кај компанија „Пашоски“ каде се знае дека е 5 денари повеќе за килограм тутун. За да има покачување на цената на тутунот треба да има документ, значи анекс на договорот дека компанијата ја покачила цената, вака се друго е дезинфомација, вели Стомнароски за Зелена берза.

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close