fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Над 30 инспектори на Кванташки пазар, се контролираат увозници на овошје и зеленчук

-Кај увозниците на овошје и зеленчук се контролира почитување на одлуката на Владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата што ги испорачувале во јануари и февруари. Се вршат контроли и кај сите други субјекти на Каванташки за регистрирана и нерегистрирана дејност, изјави за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски.

На Кванташки пазар Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во координација со тимови Управата за финасиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

-Кај увозниците на овошје и зеленчук се контролира почитување на одлуката на Владата за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата што ги испорачувале во јануари и февруари. Се вршат контроли и кај сите други субјекти на Каванташки за регистрирана и нерегистрирана дејност, изјави за МИА директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Акцијата, како што најави, ќе трае во тек на целиот ден со што ДПИ ќе излезе со информација за исходот.

Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close