Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сточарите си ги бараат субвенциите и исплата на овците угинати од сипаници
Утре средба на сточарите со надлежните од Министерството за земјоделие, заеднички да се заложиме и да ја браниме Програмата за 2027 год. За останатите субвенции, за неисплатените овци од сипаници , за измената на програмата за 2026 год
Сојузот на сточари „Модерен сточар“ чии претседател е Насер Џемаили ги повикува сточарите на средба во Министерството за земјоделство.
Во повикот се вели:
„Ги повикуваме сите сточари утре, четврток, во 10:00 часот, на заедничка средба во Министерството за земјоделство, во големата сала , со цел заеднички да се заложиме и да ја браниме Програмата за 2027 год.
Заостанатите субвенции, за неисплатените овци од сипаници, за измената на програмата за 2026 год. и друго !
На состанокот се поканетти.
Министерот за Земјоделие
Директорката на Платежна Агенција
Директорот на АХВ
Вашето присуство е од огромно значење!
Заедно сме посилни!„




