Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите од Пелагонија денеска ќе упатат порака до МЗШВ и власта за неисплатената премија за млекото

Расте незадоволството кај сточарите за неисплатената премија за млекото од јули 2025 година до денес. 

Расте незадоволството кај сточарите за неисплатената премија за млекото од јули 2025 година до денес. Повеќе здруженија денеска ќе се соберат пред седиштето на подрачната единица на МЗШВ во Битола, во 11 часот, со цел да го изразат незадоволството и да упатат порака до МЗШВ и власта за неисплатената премија за последните 16 месеци. „Сточарите се со неисплатена премија за кравјо, овчо и козјо млеко од јули 2025 година. Од тогаш досега добија неколку пати ветувања дека премијата ќе им биде исплатена, но тоа не се случи“, потврди за Зелена берза, Тони Петковски – Паша , сточар од селото Велушина и претседател на здружението на сточари „Пелагониско поле“.

 

А.Б

Поврзани новости

Back to top button