Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделци што се случува: Помал откуп на земјоделски производи – годишен пад за 13,5 проценти во третиот квартал

Државниот завод за статистика го потврди она за што се жалат земјоделците.

Државниот завод за статистика го потврди она за што се жалат земјоделците. Во третиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани,  кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 13.5 проценти. Истовремено кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 3,7 проценти.

Државниот завод за статистика информираше и дека вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во третиот квартал е 4,7 милијарди денари (речиси 77 милиони евра). Но, ако овој износ се спореди со ланскиот, кога во третиот квартал продажбата „тежела“ 84,4 милиони евра, намалувањето е за 8,8 проценти.

Поврзани новости

Back to top button