fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Странските компании во земјава очекуваат опоравување од кризата во 2021 година

Во Македонија странските инвеститори беа сериозно погодени уште од самата појава на Ковид-19 во Вухан, преку проблемите во фукнционирање на ланецот на добавувачи од тој регион. Падот на приходите го достигна врвот во април и мај поради затворањето на западно-европските економии.

Прилагодливоста на опкружувањето и условите на глобално и локално ниво во текот на 2020 година дојдоа до израз и во работата на странските инвеститори присутни во земјава. Падот на производството се очекува да биде 20 до 25 отсто во однос на првобитниот план, оценува претседателот на Асоцијацијата на странски инвестиции, Виктор Мизо.

Според него, 2020 ќе остане во сеќавањата како година на тектонски пореметувања врз стандардниот модел на функционирање на мултинационалните компании.

– Во Македонија странските инвеститори беа сериозно погодени уште од самата појава на Ковид-19 во Вухан, преку проблемите во фукнционирање на ланецот на добавувачи од тој регион. Падот на приходите го достигна врвот во април и мај поради затворањето на западно-европските економии, како главен таргет пазар за пласман на производите на повеќето од присутните инвеститори. При ваквата констелација на односи, локалниот менаџмент на компаниите немаше многу простор за маневрирање. Рационалиација на системот на набавки, оптимизација на производството, намалување на трошоците беа само дел од мерките на кои беа принудени. Ова секако зависи од менаџерската поставеност на ќерката фирма во рамките на корпорацијата, појасни Мизо.

Со опаѓањето на бројот на заразени и зголемувањето на нарачките од европските клиенти, кон крајот на летото, посочи, се врати надежта за заздравување на индустријата.

– Но, ова беше само привремено. Есенскиот бран на пандемија значеше враќање на неизвесноста и стравувањата за многу инвеститори. Оние компании добавувачи од делот на автомобилската индустрија пред се’ повеќе насочени на хемиски и електронски технолошко напредни производи, поуспешно го балансираа ударот, што во помала мерка беше случај со трудоинтензивните компании и оние директно зависни од туристичкиот и транспортниот сектор, додаде претседателот на Асоцијацијата.https://nezavisen.mk/stranskite-kompanii-vo-zemjava-ochekuvaat-oporavuvanje-od-krizata-vo-2021-godina/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close