Субвенциите единствен спас за оризопроизводителите
Се уште нема договор, но има приближување на ставовите за решение на проблемот со откупните цени на оризот од ова реколта – вели првиот човек на самостојниот синдикат на оризопроизводители, Ставре Јанев. Според него пласманот на оризот на домашниот пазар не е проблем, туку пласманот на вишокот на произведен ориз.
– „Проблем се некаде околу илјада-две илјади тони на ориз, кои ќе бидат вишок оваа година, а кои треба да одат на странскиот пазар. Значи проблем со пласманот на оризот на македонскиот пазар не постои” – вели Јанев.
Се уште се преговара околу откупните цени. Неоправдано, според нас, намалени се откупните цени од страна на откупувачите и покрај намалените приноси од климатските услови, а се движат од 3.500 до 4.000 килограми од хектар.
Производната цена е над 20 денари по килограм оризова арпа и во таа насока беше нашето барање цената да не биде пониска од 20, односно до 25 денари, во зависност од класите. За откупувачите прифатливи се 13 до 17 денари.
За премостување на овој тежок период, на оризопроизводителите сега единствен спас им и е исплатата на субвенциите.