fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаСовети

Сузбивање на штетни инсекти во производството на градинарски култури

Совети

Во производството на домат во изминатите неколку години кај нас и во голем број на земји во светот најголем проблем претставува лисниот минер на доматот Tuta absoluta. По потекло е од Јужна Америка, а во 2006 за прв пат е идентификуван во Шпанија, од каде што се шири во голем број европски земји, Африка и Азија. Кај нас за прв пат е забележан во 2011 година. За исхрана го преферира доматот, но се храни и со други видови од фамилија Solanaceae  (компир, модар патлиџан, пиперка и плевелни видови како див домат, татула и др.). Tuta absoluta се карактеризира со висок репродукционен потенцијал и секоја женка може да положи до 300 јајца, а во затворен простор може да продуцира од 10 до 12 генерации годишно. Јајцата се елипсовидни, светло жолти, потемнуваат во ембрионалната фаза и стануваат скоро црни пред пилење на ларвата. Ларвите од прв степен се бели до жолтеникави, додека од 2 до 4 степен тие се зеленикави со црна лента зад главата, а пред да се закуклат имаат типична розова боја на дорзалната страна. Се кукли во почвата или во мините на листовите. Кај доматот ги напаѓа сите растителни делови, во сите фенофази од развојот на растенијата. Гасениците ги преферираат листовите и стеблата, но се хранат и се вбушуваат и во плодовите, посебно во штотуку формираните плодови кои ги оштетуваат и ја губат пазарната вредност.

За сузбивање на овој штетник на доматот, неопходна е примена на соодветни инсектициди. Со хемиска заштита против овој штетник потребно е да се започне уште при производството на расад, како и после расадувањето на постојано место. За сузбивање на овој штетник препорачуваме примена на следните инсектициди: SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L), CORAGEN 20 SC (chlorantraniliprole 200 g/L), AVAUNT 15 EC (indoxacarb 150 g/L), ALVERDE (metaflumizone 240 g/L), DELEGATE 250 WG (spinetoram 250 g/kg) EXALT (spinetoram 25 g/L), HARPUN (pyriproxyfen 100 g/L), POLUX (delthamethrin 25 g/L), DECIS 2,5 EC (delthamethrin 25 g/L), PYRETHRUM 5 EC (pyrethrin 50 g/L) и FASTAC 10 EC (alpha-cipermethrin 100 g/L). SPINTOR 240 SC делува контактно и дигестивно, делува на сите стадиуми од развојот на Тuta absoluta, јајца, ларви и имага и дозволен e за примена во органско производство. CORAGEN 20 SC делува на стадиумите јајца и ларви, AVAUNT 15 EC делува на јајцата и ларвите, ALVERDE делува на ларвите, DELEGATE 250 WG делува на јајца, ларви и имага а се истакнува со брза ларвицидна активност, HARPUN делува на јајцата, а POLUX, DECIS 2,5 EC, PYRETHRUM 5 EC и FASTAC 10 EC делуваат на пеперутките. Заради високиот капацитет за репродукција и брз развој на една генерација (24 дена на температура од 27°C), неопходно е кога притисокот од штетникот е голем да се скрати бројот на денови помеѓу две прскања, да се прави комбинација од два или три инсектициди кои  делуваат на различни стадиуми од развојот на штетникот и имаат различен механизам на делување се со цел да спречи или одложи појавата на резистеност кон користените инсектициди.

Во следната табела е дадена предлог програма на комбинации од инсектициди за заштита на доматот од Tuta absoluta:

Инесктициди Доза
SPINTOR 240 SC +

CORAGEN 20 SC +

POLUX

0,5 L/ha

0,2 L/ha

0,5 L/ha

DELEGATE 250 WG +

AVAUNT 15 EC +

FASTAC 10 EC

0,3 kg/ha

0, 33 L/ha

0,25 L/ha

SPINTOR 240 SC +

HARPUN +

DECIS 2,5 EC

0,5 L/ha

1 L/ha

0,5 L/ha

ALVERDE +

CORAGEN 20 SC +

PYRETHRUM 5 EC

1 L/ha

0,2 L/ha

0,65 L/ha

 

Во производството на домат, пиперка, модар патлиџан, краставица, корнишон, тиквички, диња и лубеница голем проблем претставуваат лисните вошки и оранжериска белокрилка. За сузбивање на лисните вошки и оранжериската белокрилка препорачуваме примена на еден од инсектицидите TEPPEKI 500 WG (flonicamid 500 g/kg) во доза од 0,14 kg/ha, CLOSER 120 SC (sulfoxaflor 120 g/L) 0,4 L/ha, MOVENTO 100 SC (spirotetramat 100 g/L) 1L/ha, PYRETHRUM 5 EC (pyrethrin 50 g/L) 0,65 L/ha или LIMOCIDE (масло од портокал) 4 L/ha, додека HARPUN (pyriproxyfen 100 g/L) 1 L/ha е наменет за сузбивање на  белокрилката.  PYRETHRUM 5 EC, LIMICIDE и SPINTOR 240 SC се дозволени за примена во органско производство.

 

Подготвил: м-р Васко Манев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close