fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Заев: Проектите ќе ја поскапат струјата

Идните проекти преку кои ќе треба да се намали производството на електрична енергија од фосилни горива ќе значи и поскапување на струјата.

Премиерот Зоран Заев во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ најави дека идните проекти преку кои ќе треба да се намали производството на електрична енергија од фосилни горива ќе значи и поскапување на струјата. Како што вели Заев, граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари.

-Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј, изјави Заев во емисијата.https://faktor.mk/zaev-proektite-kje-ja-poskapat-strujata

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close