вести

Светските цени на храната на 7 годишен минимум

Светските цени на храната во јануари се приближија на 7 годишен минимум поради поефтинувањето на речиси сите прехранбени производи.

Посебно голем пад имаа цените на шеќерот и млечните производи, соопшти Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) со седиште во Рим.

svetskite ceni na hranata na 7 godishen minimum

 

Индексот на ФАО на цените на храната, кој ги мери месечните промени на цените за кошницата производи (житарици, маслодајни растенија, млечни производи, месо и шеќер), во јануари падна на 150,4 поени од декемвриските ревидирани 153,4 поени, што зборува дека храната на меѓународните пазари била за 16 отсто поевтина од пред една година, се наведува во соопштението на ФАО.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close