fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сточарството изумира како земјоделска гранка, тврди Трипуновски

Бројот на молзни крави во 2023 година е намален за 53 илјади грла или изразено во проценти има пад од 40,3% во споредба со бројот на грла во 2016.

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку фејсбук објава извести за катастрофалните политики на СДСМ во делот на сточарството.

Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за бројот на молзни крави и за производството на кравјо млеко во Република Македонија.

Според него, бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските сточари.

„Стоп на катастрофалните политики на СДС во сточарството! Еве како СДС го уништува млекопроизводството во Македонија. Бројот на молзни крави во 2023 година е намален за 53 илјади грла или изразено во проценти има пад од 40,3% во споредба со бројот на грла во 2016. Производството на кравјо млеко во 2023 година е намалено за 165 милиони литри или изразено во проценти има пад од 40,9% во споредба со производството во 2016. Сточарството изумира како земјоделска гранка во Република Македонија, пишува Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close