fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Прехранбените производи веќе не можат да се продаваат за ништо, бидејќи тоа ги уништува селските имоти

Нов германски министер: Германците се дебели, а храната е премногу евтина

„Германија генерално се храни премногу нездраво“, рече министерот за земјоделство Џем Оздемир, велејќи дека повеќе од 50 отсто од возрасните имаат прекумерна тежина.

„Причината за тоа е премногу шеќер, масти и сол, а пред сè готовите производи. Предолго, политичарите се обидуваат да ја мотивираат економијата самата да се заложи за намалување на уделот на овие состојки. Со тоа сега е завршено. Со мене тоа ќе биде обврзувачко“, изјави политичарот на Зелените.

Според него, треба да се зголемат и цените на прехранбените производи и земјоделските производи.

„Прехранбените производи веќе не можат да се продаваат за ништо, бидејќи тоа ги уништува селските имоти, ја загрозува благосостојбата на животните, предизвикува исчезнување на видовите и ја оптоварува климата. Сакам да го променам тоа“, рече министерот.

Оздемир би сакал луѓето во Германија подеднакво да ја ценат храната колку и своите автомобили, критикува министерот. Тој смета дека храната не треба да стане луксузна стока.

„Но, цената ќе мора посилно да ја изрази еколошката вистина“, рече Оздемир.

Количината на добиток во Германија треба да се заснова на расположливата површина, нагласува Оздемир. Во иднина сака да ги насочи инвестициските стимуланси во шталите каде што има добри услови за чување. Тоа, вели тој, ќе било придобивка и за луѓето и за животните.

Новиот шеф на Министерството за храна и земјоделство има за цел до 2030 година да ја зголеми површината на еколошки обработливите ниви од сегашните десет на триесет проценти.

Тој, исто така, сака да ја „искористи куповната моќ на државата“ и во јавните установи за исхрана да се користат повеќе регионални и органски производи.

„Државата мора да биде пример“, заклучи министерот.https://www.mkd.mk/svet/vesti/nov-germanski-minister-germancite-se-debeli-a-hranata-e-premnogu-evtina

Слични написи

Back to top button
Close