fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Рабатот од 30-40 отсто ќе се ограничи на 10 отсто

Европско знаме и за Законот за нефер трговски практики:

Предлог текстот на законот за нефер трговски практики во делот на трговијата со земјоделски и прехранбени производи предвидува 26 такви практики кои ќе бидат регулирани, а непочитувањето ќе значи плаќање глоба и до 20 илјади евра. Една од клучните новини е ограничувањето на рабатот кој се договара меѓу учесниците во прометот и при што често се наметнува позицијата на посилниот.

Текстот на предлог – законот веќе е објавен Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), а беше доставен и до Стопанската комора каде што денес имаше средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на најголемите компании од областа на прометот и трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Тие во наредните 20 дена можат да доставуваат сугестии и забелешки во врска со законот, по тој ќе оди на Влада, а потоа ќе биде проследен во Собранието на усвојување.

„За прв пат се носи вакво законско решение при што се наведени 26 нефер трговски практики, а наведено е и колку процентуално може да биде максималниот рабат или надоместоци кои купувачите, во овој случај големите синџири на супермаркети, би можеле да ги бараат од производителите и добавувачите. Сега рабатите надминуваат и 30-40 отсто од производствената цена што според предложеното законско решение ќе биде најмногу 10 отсто. Во рамките на тоа синџирите на супермаркети ќе конкурираат меѓу себе, што ќе влијае на намалување на цените веднаш и директно“, изјави денес Бектеши по работната средба во Стопанската комора.Бектеши нагласува дека откако ќе стапи во сила законот, тоа веднаш ќе придонесе да се намалат цените на овие производи, но и да се подобри нивниот квалитет, но и предвидливоста и сигурноста и на добавувачите и на купувачите.

„Многу е важно да се наведе фактот дека повеќето од директивите на Европската унија се транспонирани во новото законско решение. Законот ќе биде со европско знаменце, затоа сакаме преку дијалог и презентации, каде што ќе бидат вклучени сите, да го имаме најдоброто решение. Се со цел да не направиме штета било кој дел на снабдувањето, почнувајќи од производителите до малопродажбата. Најважно од се е дека ова законско решение ќе ги уреди условите, начинот, како ќе се врши трговија во делот на земјоделските и прехранбените производи и нема да дозволи можност за да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании“, нагласи Бектеши.

Тој е убеден дека со ва законско решение ќе се подобри и квалитетот на производите заради тоа што во рамки на 26-те трговски практики се предвидени и земјоделски производи кои имаат краток рок.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close