fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Времето денес променливо облачно со дожд

Стабилизирање на времето се очекува од среда

Времето денеска ќе биде променливо облачно. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура се движи од седум до 14, a дневната ќе биде од 15 до 26 степени.

Стабилизирање на времето се најавува од среда.Со влажниот бран настапи  паѓање на температурата, но и во  оваа седмица се очекуваат слични временски услови како измината седмица. Дневните температури на воздухот  се очекува да не надминат 25 оС, но сепак тоа се температури кои се оптимални, за да продолжат активностите на терен околу бербите на грозје, овошки, градинарски и индустриски култури, велат агрометеоролозите.

Влагата во почвата се очекува да биде на задоволително ниво за планираните работи околу припремата на површините за есенската сеидба.

Слични написи

Back to top button
Close