fbpx
Вести

Приходите на ЗК Пелагонија намелени за 9,74 проценти, добивката зголемена

Согласно правилата за котација а во согласност со објавените финансиски извештаи за постигнатите резултати во деловната 2015 година ја известуваме финансиската јавност за следното:

prihodite na zk pelagonija namaleni za 9 74 procenti dobivkata zgolemena

 

а. ЗК Пелагонија АД Битола во деловната 2015 година нема извршено никакви промени во светководствените политики и методи за вреднување на ставките во финансиските извештаи во однос на последните ревидирани финансиски извештаи.

б. Во анализираниот период на финансиските извештаи од деловната 2015 год. остварени се оперативни приходи во износ од 1.227.142 илјади денари, истите бележат намалување од 9,74 % во однос на претходната деловна година.

Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажбата кои опфаќаат 62,94% од вкупните оперативни приходи или износ од 772,395 илјади денари. Приходите од продажбата бележат тренд на намалување во однос на претходната година и истите се помали за 30,11 %. Намалувањето на приходите од продажбата е резултат на екстремно лошите временски услови проследени со катастрофални поплави.

в. Остварените оперативни расходи во деловната 2015 година опфаќаат износ од 1.312.458 илјади денари и истите се поголеми во однос на оперативните приходи за износ од 85.313 илјади денари или 6,95 %

Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на годината генерира приходна ставка во износ од 136,082 илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка од 50,769 илјади денари.

Остварената оперативна добивка од тековната година бележи пораст од 73,59%, во однос на претходната година или зголемувањето во апсолутен износ изнесува 21,523 илјади денари.

Во истиот анализиран период ЗК Пелагонија АД Битола со поинтензивно темпо продолжува со нови инвестициони вложувања, како резултат на што финансиските расходи се поголеми од финансиските приходи за износ од 26,723 илјади денари кое од своја страна го намалува нето финансискиот ефект на работењето и Друштвото оствари добивка од редовното работење во износ од 26,723 илјади денари.

г. Во деловната 2015 година нема исплата на дивидендата

д. Во однос на вложувањата во постојани средства битно е да се истакне дека со состојбата на 31,12,2015 година истите бележат пораст од 36,29% или зголемување во апсолутен износ од 632,157 илјади денари.

Најголеми инвестирања се извршени во следното:

-Изградба на современи краварски фарми со капацитет од 1.000 молзни крави, како резултат на тоа позицијата на Билансот на состојбата бележи зголемување во износ од 194,935 илјади денари во однос на истиот период минатата година

-набавка на професионална и модерна земјоделска механизација каде соодветната позиција на Билансот на состојба на 31.12.2015 година бележи пораст од 43,092 илјади денари

– набавка на биолошки средства – висококвалитетни јуници од Холштајн фризиската раса, набавени од странски добавувачи, а во Билансот на состојбата наведената позоција бележи пораст од 22,064 илјади денари.

Долгорочните финансиски вложувања во 2016 година се зголемени за 154,54% или во апсолутен износ од 484,026 илјади денари. Во структуралното учество на порастот на долгорочните финансиски вложувања значајно место имаат вложувањата во зголемувањето на основната главнина на капитално поврзаниот субјект „Пелагонија Енерџи“ дооел Битола и истите се искористени за изградба на биогасни централи со капацитет од 5 MW.

-кредитната задолженост бележи намалување од 3,04% во однос на претходната година.

е. Во врска со остварувањето на планот и очекувањата во претстојниот период битно е да се потенцира дека планот за производната 2015 година е остварен во целост, односно засеани се вкупно 8.300ha со есенски култури на кои се извршени сите потребни агротехнички операции. Исто така извршена е и припрема на вкупните планирани површини за пролетната сеидба на вкупна површина од 7.377ha. вкупните вложувања во надворешното производство во деловната 2015 година изнесуваат 308,438 илјади денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close