fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Што го девалвира домашното земјоделство

Незадоволството од откупните цени што ги добиваат земјоделците се повторува секоја година, само се менуваат актерите.

Викендов бевме сведоци на протестите и на истурањето на големи количества грозје пред една од домашните винарници поради незадоволството на лозарите од цените и од условите за откуп. Неколку дена претходно и оризопроизводителите, исто така, се закануваа со протести поради ниската откупна цена што им била понудена за откуп на оризот. Незадоволството од откупните цени што ги добиваат земјоделците се повторува секоја година, само се менуваат актерите.
Иако земјата има солидни предуслови за земјоделско производство, сепак од година на година производството се намалува, што делумно се должи на незадоволството на земјоделците, кои се откажуваат од производството поради ниските откупни цени. Агроекономистите укажуваат дека расцепканоста на парцелите и производството на мали парцели го поскапуваат производството и дека тоа е една од причини што го прави домашното производство неконкурентно. Експертите додаваат дека се потребни повеќе мерки што ќе создадат услови за порентабилно работење, но и поисплатливо производство за земјоделците.

Производството сѐ уште не е стандардизирано

 

 

Професорот од Земјоделскиот факултет во Скопје, Ордан Чукалиев, вели дека регулацијата на пазарот не е работа на државата и таа не би требало да ја презема таа улога при дефинирање на цените на земјоделските продукти.
– Светските берзи ги диктираат и цените кај нас, па ако таму цените се пониски, ќе бидат и кај нас. Откупувачите ги бараат најниските цени за да можат и тие да заработат, но дополнително што кај нас има и други проблеми. Организирањето на откупот е тежок процес, се правеа повеќе обиди да се организира истиот тој, се прават откупни центри, се организираа и веб-сајтови со цел преку нив да се организираат земјоделците, да можат да пронајдат најсоодветен купувач, но истите тие имаат слаба примена. Посебен проблем е што земјоделците обично се принудени побрзо да ги продаваат производите бидејќи истите тие не траат долго, а немаат каде да ги чуваат, па ги даваат и по пониски цени. Ова е доста комплексна тема, која бара повеќе решенија – кажа Чукалиев.

Професорот исто така посочи дека иако има многу начини за организирање, сепак, во практика кај нас многу тешко се организираат земјоделците да настапуваат заеднички при продажба на производите.
– Прво е тешко да се организираат домашните производители да произведуваат или да одгледуваат исти производи, односно од исти семиња, и ние сѐ уште немаме стандардизација во производството. Можеби е добро што имаме диверзификација, разноликост, но кај големите откупувачи што целат на пазари со големи производства, потребно е да се организираат земјоделците и да понудат исто производство, да ги задоволат нивните стандарди, кај нас тоа сѐ уште е постигнато… Еден пример за добра организација што би го истакнал е производство во Турција на еколошки производи, органска храна, кои не користат никакви препарати и чие производство е директно организирано. Самиот производител има над 30 илјади купувачи, нема прекупувачи, туку со директна комуникација, без посредници, продаваат по повисоки цени, и на тој начин производството им е исплатливо – објаснува Чукалиев.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close