fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски објави колку пари се дадени на лозарите од 2017 до сега

Исто така во 2017 година беа исплатени 2.000.000 евра долг кон лозарите од неисплатено винско грозје од винарските визби Повардарие и Стефани.

За нас како министерство, но и за државата од стратешка важност е винскиот сектор чиј извоз позитивно влијае и во јакнење на домашната економија.
Финасиската поддршка за лозарството која МЗШВ ја обезбедува преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади изнесува 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 ха до максимум 10 ха.
👉Во 2017 година финансиски се поддржани 16.780 лозари со исплатени вкупно 9.602.857,00 евра.
👉Во 2018 година финансиски поддржани се 16.700 лозари, за пријавена површина со лозов насад со исплатени вкупно 11.526.850 евра.
👉Во 2019 година финансиски поддржани се 16.367 лозари, за пријавена површина со лозов насад со исплатени вкупно 10.266.961 евра.
👉Во 2020 година финансиски поддржани се 16.313 лозари, за пријавена површина со лозов насад со исплатени вкупно 9.602.857,00 евра.
👉Во 2021 година финансиски поддржани се 15. 725 лозари, за пријавена површина со лозов насад, со исплатени вкупно 10.068.048 евра.
👉Исто така во 2017 година беа исплатени 2.000.000 евра долг кон лозарите од неисплатено винско грозје од винарските визби Повардарие и Стефани.
👉Во 2022 година од Програмата за микро производители на вино склучени се 59 договори со мали семејни винарии со вкупна вредност од 34.500.000 денари, што е 15% повеќе од првично договореното.
🤝Го слушаме гласот на земјоделците и продолжуваме со вистинска грижа за секој еден.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close