fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мицкоски од Прилеп: Откупната цена на тутунот е многу ниска

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на средбата со тутунопроизводителите во Прилепско

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска по средбата со тутунопроизводителите во Прилепско рече дека откупната цена е многу ниска, бидејќи повисоки класи на тутун се проценуваат како пониски.

„Само да напоменам неколку факти. Имено, оваа година родот на тутунот во Македонија е нешто помал од родот во 2019 година. Ако тогаш просечна цена беше околу 220 денари, денеска според институциите таа е 159 денари, а од она кое што денеска го слушнав од тутунопроизводителите, цената е за 10 денари помала, односно 150 денари е просечно исплатената цена. Не се задоволни од проценката на класите. Често пати повисока се проценува за пониска класа и на тој начин се исплаќа пониска цена за откупената количина на тутун“, вели Мицкоски.

Тој додава дека им ветил на тутунопроизводителите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи обиди да го врати старото законско решение за тутунот.

„Се обврзав како претседател на најголемата политичка партија да застанам позади барањата на тутунопроизводителите и тутунарите, да го вратиме она коешто на нив сега им е скратено, во првата прилика кога ќе може ВМРО-ДПМНЕ да управува со институциите и со владата. Истовремено иницираме враќање на старото законско решение за тутунот и се разбира да застанеме позади барањата на тутунопроизводителите, а тоа е чесна откупна цена и вистинска проценка на тутунот“, вели Мицкоски.https://360stepeni.mk/mitskoski-od-prilep-otkupnata-tsena-na-tutunot-e-mnogu-niska/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close