Бесплатна деконтаминација на земјоделските површини во Велес, со зеолит и маслодајна репка

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2017)

Со минералот зеолит и со засадување на маслодајна репка, ЕД Вила Зора ќе ја деконтаминира велешката почва. Процесот на деконтаминација ќе го отпочне на стартот од наредната година со поддршка на приватниот сектор и амбасадите во Република Македонија. Со минералот зеолит кој има својство да ги врзува позитивно наелектризираните метали како што се оловото, цинкот, кадмиумот и  да создава комплекси кои растенијата не можат да ги апсорбираат, ќе се чистат земјоделските површини на кои се засадуваат земјоделски култури. Со маслодајната репка пак ќе се деконтаминираат поголемите површини на кои моментално не се произведува храна.

besplatna dekontaminacija na zemjodelskite povrshini vo veles so zeolit i maslodajna repka

 

„Ги повикуваме сите земјоделци од Велес и велешко да се јават во нашето друштво за да се договориме за начинот и времето на деконтаминација на земјоделските површини. Тоа ќе го спроведуваме секако со стручни лица . Деконтаминацијата на површината ќе ја вршиме бесплатно. Повеќе нема да бараме поддршка од институциите, која досега за жал не ја добивме. Веќе не молиме никого, ние сами во соработка со земјоделците кои имаат желба да им се деконтаминира почвата ќе го отпочнеме процесот“, рече претседателот на ЕД Вила Зора, Ненад Коциќ.

rozi1

Екологистите го стопираа процесот на деконтаминација на јавните површини во Велес со засадување на рози поради како што велат неодговорниот однос на локалната заедница пред се на ЈКП „Дервен“,. Заради реконструкција на Градскиот парк комуналното претпријатие ги отстрани розите и по три години молење излезе во јавноста со информација дека розите се вратени па украдени.

„Ние не веруваме во тоа бидејќи секој заинтересиран граѓанин можеше да дојде и да си земе рози и да ги насади дома. Не навреди и ставот на општината дека тие биле само партнери и дека само го поддржувале проектот и немале никакво учество. Знаете и сите дека на првото засадување во Градскиот парк беа поканети и гости од страна на тогашниот градоначалник. Најмалку што можат да направат е да се извинат за ваквиот однос и да ги вратат назад тие 3.500 рози кои наводно биле украдени“, рече Коциќ.

Зеолитот не е погоден за детоксикација на јавните површини, сметаат екологистите . Тие велат дека минералот создава комплекси кои растенијата не ги апсорбираат но остануваат во почвата и лесно можат во форма на прашина да стапат во контакт со граѓаните. Затоа според нив розите се најпрактичниот начин за извлекување на тешките метали од почвата.

vila-zora-plakat14507086161450708586_thumb_medium490_0

Велешките екологисти  од ЕД Вила Зора ја продолжуваат  борбата за здрава животна средина и поквалитетен живот на граѓаните. На тоа ги поттикна  и наградата за човекови права што годинава им ја додели Француската амбасада во Македонија.