
Промоција на македонските производи на Меѓународниот саем АДИФЕ
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Меѓународниот саем АДИФЕ (Abu Dhabi International Food Exhibition) е меѓународно признат и реномиран саем за прехранбени производи и пијалоци кој се одржува секоја година.
Македонските компании, особено преработувачите на овошје и зеленчук, преку поддршката обезбедена од МЗШВ, за првпат заеднички настапуваат на овој саем.
АДИФЕ 2025 се одржува во периодот 21 – 23.10.2025, во Абу Даби, ОАЕ, и 9 домашни преработувачи настапуваат на националниот штанд сместени во халата за меѓународни учесници: Техноалат – Гевгелија; Кривогаштани Промет – Прилеп; Ларс – Штип; Алтера Фоод – Гевгелија; Конимех – Скопје; Вори – Гевгелија; Бест Фуд ТИ – Радовиш; КИМ – Неготино; и Монтенегро – Гостивар.
Учеството на саемот е можност за македонските производи да бидат претставени и промовирани на пазарите од Блискиот и Средниот Исток.



