
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Исплатена е премија за млекото за сточарите
На 3656 производители на млеко, исплатени им се 64 927 881 денари
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 3656 млекопроизводители, им исплати 64 927 881 денари. Според последната информација од Платежната агенција исплатената премија е за јули и август 2025 година. Сточарите во понеделникот на прес – конференција реагираа дека последно премија за млекото им беше исплатена заклучно со јуни 2025.




