
Џемаили му се заблагодари на Трипуновски – Исплатата на субвенциите за 2025 е континуитет во работата на сточарите
Сточарите како знаат да праат притисоци занаат и да се заблагодараат, стои во соопшптението претседател на Сојуз на одгледувачи на овци „Модерен Овчар“, Насер Џемаили
Сточарите како знаат да праат притисоци занаат и да се заблагодараат, стои во соопшптението претседател на Сојуз на одгледувачи на овци „Модерен Овчар“, Насер Џемаили
-Во име на Сојуз на одгледувачи на овци „Модерен Овчар“, изразуваме искрена и длабока благодарност до Министерот за земјоделство г.Цветан Трипуноски и до Директорката на Платежната агенција г. Даниела Иротова за нивната доследност, професионалност и навремено исполнување на преземените обврски кон сточарите.
Исплатата на субвенциите за 2025 година претставува значаен чекор кон обезбедување стабилност, сигурност и континуитет во работата на сточарите низ целата држава. Со оваа поддршка, ни се овозможува полесно да се справиме со предизвиците во производството, да го подобриме квалитетот на сточарството и да придонесеме кон одржлив развој на овој важен земјоделски сектор.
Особено ја цениме соработката, отворениот пристап и принципиелноста што Министерството за земјоделство и Платежната агенција ја покажаа во однос на нашите сточари. Исполнетиот збор е од големо значење за сите нас и претставува силна потврда дека трудот на сточарите е препознаен и вреднуван.
Во иднина, како Сојуз , остануваме посветени на унапредување на секторот и на продолжување на конструктивната соработка со институциите.
Со почит,
Претседател на-
Сојуз на одгледувачи на овци „Модерен Овчар“
Насер Џемаили





