fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Илија Стоилов одговори – кои заостанати субвенции ги исплати владата на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците

Одговорите за Зелена берза ги даде директорот на Платежната агенција Илија Стоилов

Зелена берза испрати Барање за слободен пристап до информација од јавен карактер до МЗШВ и Платежната агнеција со цел на земјоделците да им овозможи точна и проверена информација колку заостанати субвенции исплатала владата на ВМРО ДПМНЕ од 2020 година до крајот на 2024 година.

Одговорите ни ги испрати директорот на Платежната агенција Илија Стоилов.

1-Колку е вкупната вредност на исплатени директни плаќања во периодот од 01.08.2024 до 31.12.2024?

Агенцијата по програмата за финансиска поддршка во земјоделството има исплатено се вкупно – 2.976.651.906 денари  

 

2-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2020?

-По ПФПЗ за 2020 исплатени се 15.000 денари.

 

3-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2021? (Сума и процент)

– По ПФПЗ за 2021 исплатени се 968.145 денари

 

4-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2022? (Сума и процент)

– По ПФПЗ за 2022 исплатени се 8.999.504 денари, односно 0,3 проценти од вкупно исплатената сума во наведениот период  

 

5-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023? (Сума и процент)

– По ПФПЗ за 2023 исплатени се 837.946.083 денари, односно 28.1 проценти од вкупно исплатената сума во наведениот период  

 

6-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2024? (Сума и процент)

– По ПФПЗ за 2023 исплатени се 2.128.723.174 денари, односно 71,5 проценти од вкупно исплатената сума во наведениот период.   

 

Текст Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close