fbpx
Без категоријаВестиСовети

Најчести складишни штетници – како правилно да ги заштитите житариците, мешунките и другите култури

После завршувањето на жетвата, борбата за зачувување на добиениот принос и квалитет – не престанува. Таа продолжува и во скалидштата.

Се приближува времето на складирање на земјоделските производи, а поради тоа се препорачува добро да се исчистат магацините, шупите, оставите и сите други простори за складирање. После завршувањето на жетвата на житариците, борбата за зачувување на добиениот принос и квалитет – не престанува. Таа продолжува и во скалидштата.

Најзначајни инсекти, кои можат да влијаат на квалитетот и количината на складираните прооизводи (житарици) во складиштата се: житниот жижок, житниот молец, пченкарниот жижок, амбаров молец, брашнен молец, малиот и големиот брашнар, жижок на гравот и други.

Житниот молец е еден од најзначајните складишни штетници на пченката и пченицата

Житниот жижок (Sitophilus granarius) има повеќе генерации годишно, а возрасниот инсект е со големина околу 4 мм, со кафеава до црна боја. Житниот жижок живее исклучиво во складиштата, хранејќи се и размножувајќи се во сите видови житни култури, пченка и ориз. Женката полага јајца во самото зрно. Испилените ларви се развиваат и хранат во зрното и можат да го изедат и извалкаат 70% од семето.

Оризовиот жижок (Sitophilus oryzae) е со црвенкасто – кафеава боја и должина околу 3 мм. Во нашите услови, има три до четири генерации годишно, а во загреаното жито и повеќе. Оризовиот жижок е способен да изврши заразување во текот на вегетацијата на нивите.

Пченкиниот жижок (Sitophilus zeamais) според изгледот е сличен на жижокот на оризот.

Житниот молец (Sitotroga cerealella) е еден од најзначајните складишни штетници на пченката и пченицата. Пеперутката е со жолтеникаво – кафеава боја, со должина околу 10 мм. Штетите ги прави ларвата која се храни со семето. Женката на овој штетник, полага јајца во зрното или помеѓу зрната. Изведената ларва се вгнездува во зрното, хранејќи се со внатрешноста на семето. Таквите зрна, разбирливо ја губат употребната вредност. Во случај на топли лета и благи зими, може да дојде до поголем број на генерации, што доведува и до прекубројност на овој штетник, а со самото тоа и до големи губитоци.

Малиот брашнар (Tribolium confusum), најмногу е присутен во млиновите и пекарите. Ги напаѓа: брашното, триците, сите видови жито, сувото овошје, зеленчукот, сточната храна и чоколадата. Возрасната единка е костенесто кафеава.

Големиот брашнар (Tenebrio molitor) е најголем складишен штетник помеѓу инсектите. Има црна боја и должина околу 15 мм. Ги напаѓа житата и сите преработки од жито, компир, месо, дури и дрво. Прави големи штети на дрвените делови на млиновите во кои се вовлекува. Не се појавува масовно, поради што не може да направи огромни штети.

Жижок на гравот (Acanthothoscelides obtectus), живее во складиштата, како и во природата. Има жолтеникаво – зеленкаста боја и должина од 3 мм до 5 мм. Основна мерка за сузбивање на овие штетници е изложување на гравот на ниска температура. Се препорачува, гравот во зимскиот период да се складира на температура од 0°C или што поблиску до таа температура.

Суринамски брашнар (Oryzaephilus surinamemsis) е долг околу 3 мм со темно кафеава боја. Ја напаѓа пченицата и останатите жита, брашното, лебот, тестенините, сувото овошје, ретко тутунот или сушеното месо.

Буба на тутунот (Lasioderma serricorne) во пракса овој штетник се нарекува „тутунов жижок“. Има црвенкасто – кафеава боја со големина од 2 мм до 4 мм. Тутуновата буба ги напаѓа сувите лисја на тутунот во бали или исецканиот тутун, цигарите, семето на тутунот, како и какаото, чоколадото, кикиритките, пиперот, оризот, житото и производите од жито, сувото овошје.

Како да се борите против складишните штетници?

Значајни мерки за борба се: одржување на хигиена во складиштата, т.е одржување на складишниот простор уреден и чист, отстранување на старите житарици од заостанатите залихи, одржување на соодветна температура и проветреност на објектот, а исто така многу важна превентивна мерка е изведување на целосна дезинсекција на просторот пред внесување на зрнестата маса, т.е новиот род. Дезинсекцијата подразбира примена на дозволените инсектициди за таа намена.

На пазарот има се помалку дозволени средства, со што проблемот се зголемува. Тоа се следните активни материи на база на pirimifos-metil, cipermetrin или malation, користени во земјите каде е дозволена нивната примена.

Важно е да се напомене дека таму каде што се употребува овој вид на заштита со фосфиди, за време на разградувањето се ослободува гас фосфин, кој на сите живи суштества делува како инхибитор на дишењето. Во затворени простории е многу отровен гас за сите живи суштества, дури и за човекот. Обично во тој период се врши ДДД (дезинсекција, дератизација и дезинфекција) на просторот за скалдирање.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close