fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево и топло, со температури до 29 степени

Според УХМР, во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра и релативно топло преку ден. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследена со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата

Денеска времето во земјава ќе биде наутро свежо, а преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од три до 11 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до осум степени, а максималната ќе достигне до 28 Целзиусови степени.

Според УХМР, во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра и релативно топло преку ден. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследена со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата.

На почетокот на следната седмица не очекува променливо облачно и посвежо време со услови за локален дожд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close