fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Гасификацијата е прескапа – за 12 години се приклучиле само 503 домаќинства

Студијата укажува дека цените на гасот во последниве години станаа многу нестабилни, а со тоа и трошоците за изградба на гасоводите се зголемија.

Најновата студија покажува дека стратегиите и плановите за гасификација на државата ги потценуваат трошоците и ги преценуваат можностите на гасификацијата. Трошоците за изградба на целата гасна мрежа во државата може да надминат високи 1 милијарда евра. Притоа, со високите трошоци за инвестиции доаѓаат и високи трошоци за крајните корисници, што го прават приклучувањето кон овој енергенс неприфатливо скапо. Наспроти тоа, со истите тие средства би можело да се направат значителни мерки за енергетска ефикасност и производство на енергија во секое домаќинство.

Студијата иницирана од Еко-свест и изработена од Регионалниот центар за истражување на енергетски политики од Унгарија – РЕКК изработена од унгарски експерти направи анализа на состојбата и даде јасни заклучоци и насоки.

Студијата укажува дека цените на гасот во последниве години станаа многу нестабилни, а со тоа и трошоците за изградба на гасоводите се зголемија. РЕКК проценува дека треба да се очекува зголемување од најмалку 35 отсто во споредба со проценките во планот за гасификација, што ќе доведе до вкупни трошоци за изградба од 791 до 1,086 милијарди евра за гасоводната мрежа, без трошоци за користење на земјиштето и дополнителни инвестиции во компресорите.

Дополнително, трошоците за приклучоци, користењето на гасот и набавка на опрема ги надминуваат финансиските можности на доминантен дел од домаќинствата што евентуалното префрлање на овој енергенс го прави неисплатливо и тешко изводливо.

https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close