Македонија за пет месеци на Косово има извезено стока за сума од 100 милиони долари, а увозот изнесува 15 милиони долари

(Oвој напис е објавен на: July 23, 2018)

Целосно прекина извозот на земјоделски производи за Косово. Според податоците на Царинската управа денес ниту еден камион со овошје и зеленчук не излегол од Македонија преку граничниот премин Блаце.

Повисоката царина што Приштина ја бара за увоз веќе петти ден ги остави без работа трговците на големо, а овошјето и зеленчукот скапува во магацините.

Дали воведувањето на контра мерки ќе има ефект со оглед на тоа што извозот кон Косово е неколкукратно поголем од увозот?

Засега се уште се тактизира. Се знае само дека в среда министрите од регионот во Белград ќе бараат решение за косовската царина. Српскиот министр за трговија Расим Љаиќ побара Приштина да реши дали е во ЦЕФТА или не. Нашите министри се подготуваат за средба со косовските власти во петок. Во меѓувреме бизнисмените од Македонија, пак, очекуваат брзи реакции од Владите.

„Ние како комора ја направивме првичната проценка и сметавме дека чинот од Косово не е е во духот на соработката што ја имавме со нив, се губи пазарот и цената на производот.“ – изјави Дриљон Исени,  извршниот директор на  Стопанската комора на Северозападна Македонија

Но и покрај непродаденото овошје и зеленчук цените на зелените пазари денес беа исти или сосема минимално намалени. Продавачите тврдат дека нема кој да купува.

Косово е значаен трговски партнер за Македонија. Една од ретките земји каде имаме суфицид, односно повеќе извезуваме отколку што увезуваме. Во првите пет месеци од годинава во Косово се извезени 100 милиони долари, а увозот е само 15 милиони. Лани бројките покажуваат дека извозот стигнал до 225 милиони долари, а увозот 37.

За проблемот со повисоката царина деновиве реагираше и Европската Комисија. Но од Косово тврдат дека таа е од времен карактер со цел да се заштити домашното производство.


 

24мк.

Share Button