fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Еко-свест“ бара Владата да ги укине субвенциите за малите хидроцентрали, годишно се даваат 16 милиони евра

Електричната енергија произведена од малите хидроцентрали се откупува по загарантирани повластени тарифи кои на сопствениците им гарантираат сигурен профит.

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ почна со кампања и собирање потписи за укинување на субвенциите кои Владата ги дава на малите хидроцентрали. Од таму велат дека изградбата на малите хидроцентрали е проследена со сериозни прекршувања во правните постапки, почнувајќи од издавање концесии, преку подготовката на стратешките документи, сѐ до моментот на пуштање во употреба

„Се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветна студија за оцена на влијанието врз животната средина. Се градат во некои од најживописните речни долини, во строго заштитени и еколошки чувствителни подрачја, со што прават непоправлива штета на природата и биодиверзитетот“, велат од „Еко-свест“.

Според податоците на „Еко-свест“, секое семејство во земјава секој месец плаќа 6 отсто од висината на месечната сметка за струја за субвенционирање на производството на електрична енергија од обновливи извори. На годишно ниво, за електричната енергија произведена од мали хидроцентрали граѓаните плаќаат 16 милиони евра.

„Електричната енергија произведена од малите хидроцентрали се откупува по загарантирани повластени тарифи кои на сопствениците им гарантираат сигурен профит. Сите постоечки мали хидроцентрали заедно произведуваат само 4% од вкупното годишно производство на електрична енергија во земјата,  во период од годината кога не е најпотребно за домаќинствата. Истото количество електрична енергија може да се заштеди со подобра енергетска ефикасност, без притоа да се уништуваат реките и недопрената природа“, додаваат од „Еко свест“.https://sdk.mk/index.php/makedonija/eko-svest-bara-vladata-da-gi-ukine-subventsiite-za-malite-hidrotsentrali-godishno-se-davaat-16-milioni-evra/#more

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close