fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Млекарите од Пелагонија во среда на средба со Хоџа

Млекопроизводителите си ги бараат субвенциите и парите од персоналниот данок

Пелагониските млекопроизводители  од здружението „Пелагониско поле“,  во среда ќе седнат на заедничка маса со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, со барање да им се исплатат субвенциите за предадено млеко. Млекарите од Пелагонија во саботата излегоа на протест пред зградата на УЈП во Битола со барање  да им се врати персоналниот данок што им беше задржан со откупот на ланското млеко, за кое им беа задржани согласно Законот за пресметување данок за остварено сопствено земјоделско производство. Исто така, бараат исплата на субвенциите за млеко и другите мерки за поддршка од ланската година.

-Договоривме средба со министерот за среда ние како здружение ги застапуваме сите наши членови млекопроизводители од Пелагонија и си ги бараме нашите пари. Ние не влеговме  во ниту еден пакет мерки на Владата, а произведуваме храна. Лани ни го вратија  данокот, секој според остварениот приход до милион денари, но оваа година нема никакви најави дали ќе биде вратен или не. Затоа, апелираме да ни кажат, ако има услови да го вратат. Ги бараме и нашите  субвенции што не си исплатени за трите последни месеци од 2019 и за лани, да бидат исплатени до крајот на март. Доколку до крајот на март не бидеме исплатени, ние почнуваме со блокади- првата пред ПЕ во Битола, а потаму ќе земеме поголеми чекори – предупредува  Борче Бучински, фармер од селото Могила.

Бучински има десет крави и дневно произведува околу 100 литри млеко.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close