fbpx
Вести

Тече рокот за пријавување субвенции за осигурување на земјоделското производство

Крајот на месецот е последниот рок за пријавување на субвенциите за осигурување на земјоделското производство. Доколку сакаат да се осигураат, за субвенционирање на овие премии, фармерите имаат на располагање 70 милиони денари.

teche rokot za prijavuvanje subvencii za siguruvanje na zemjodelskoto proizvodstvo

 

До 31-ви август земјоделците кои сакаат да го осигураат родот треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што е регистрирано стопанство.

Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на полисата.

Условите се максималната површина да изнесува 10 хектари за лозови и за овошни насади, 2 хектари за градинарски култури и 20 за житни.

Вкупните средства наменети за оваа мерка се 70 милиони денари, а максимален износ на поддршката е до 150.000 денари за едно земјоделско стопанство.

Oд оваа година право да поднесуваат барања за субвенционирање имаат и сточарите. Осигурителнитe компании нудат пакети за угинување на домашните животни поради болест, несреќен случај и принудно колење.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close