вести

За систем за наводнување на Дебарско поле ќе се инвестираат 12 милиони евра

sistem

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе гради нов систем за наводнување на Дебарско Поле, за што ќе бидат инвестирани 12 милиони евра.

Оваа го најави државниот секретар во Министерството, Нефрус Челику, на средбата со дебарскиот градоначалник, Ружди Лата во Дебар. Тој додаде дека во согласност со проектот изградбата ќе биде во фази, а првата ќе стартува во септември годинава. Тој додаде дека станува збор за изградба на нов систем за наводнување, а ако има можности, ќе се користи и дел од инфраструктурата од стариот систем за наводнување.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, истакна дека со овој систем ќе се наводнуваат 2.ооо хектари плодно земјиште со што се очекува развој на земјоделието во овој регион, но и намалување на миграцијата на населението. ,,Овој систем значи живот за дебарскиот земјоделец“, додаде Лата.

Директорот на Секторот за води во Министерството, Славе Арсовски, изјави дека покрај во Дебар, ќе бидат реализирани и други системи за наводнување во земјава. Тој додаде дека во инвестициите од големо значење е и поддршката од ИПА-програмите на ЕУ.

Пред 12 години системот за наводнување на Дебарско Поле изграден во седумдесеттите години престана да работи поради кражба и оштетување на станицата на пумпите на системот кај Дебарското Езеро. Дебарско Поле цели 12 години не се наводнува и штетите за земјоделците се големи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close