fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тешка и трнлива е борбата за остварување на правата на руралните жени

Честитки за 30 годишниот јубилеј на Националниот совет за родова еднаквост! 

Чест ни беше и задоволство да присуствуваме денес на триесет годишниот јубилеј на Националниот совет за родова еднаквост и да ги слушаме активностите, огромниот напор и посветеност на женските невладини организации кои преку годините го подобруваа нашето општество.
Се радуваме што женскиот активизам, преку невладините организации, се покажа како ефикасен механизам за напредок на родовата еднаквост во нашата држава.
Важна е напорната работа, мотивацијата и соработката помеѓу невладиниот сектор и институциите за да може да имаме напредок и заедничка борба против дискриминација.
Ние како Национална федерација на фармери знаеме колку е тешка и трнлива борбата за остварување на правата на руралните жени, но за нас посебен напредок започна во 2018 година со потпишувње на Декларацијата за подобрување на социјалниот и економски статус на руралните жени со институциите Министерството за земјоделство и Министерството за труд и социјална политика.
Уште еднаш честитки за јубилејот на Националниот совет за родова еднаквост и нивните дејствија направија големи општествени промени.
Нека во следните години продолжиме со соработка и активност за уште поголем напредок и рамноправност за сите, објави Национална федерација на фармери!
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close