fbpx
Вести

Ќе се бара решение за левиот магистрален канал на ХС Брегалница

Од понеделник работна група од новото државно водостопанско претпријатие, земјоделци и експерти на терен ќе утврдуваат колку средства се потребни за левиот магистрален канал на хидросистемот Брегалница да биде ставен во функција. На овој дел од системот што не функционира од осумдесетите години чекаат околу 7000 жители.

kje se bara reshenie za leviot magistralen kanal na hs bregalnica

 

Една од најпогодените општини е Зрновци. Градоначалникот Блаже Станков, вели недостигот од вода и можноста за продуктивно земјоделско производство ја празни неговата општина.

Но, и онаму каде каналот функционира водата не стигнува навреме до земјоделците. Секоја година, ако нема дождови, се сушат плантажите во овчеполието. Од Водостопанство годинава повторно со ветување, вода ќе има на 15-ти Април, каналите се чистат и водата низ нив ќе протече на стартот од сезоната.

Системот за наводнување од Калиманци располага со мрежа долга 120 километри. Но од овој систем проектиран за наводнување на над 20.000 хектари се наводнуваат одвај десет. Според Програмата усвоена од Владата се планира и проширување на ХС Брегалница кај светиниколско Немањица со нови 850 ха. Регионот на Пробиштип и Кратово или околу 4100 ха треба да се наводнуваат преку хидросистемот Злетовица, а со изградбата на брана Речани ќе има можност за наводнување на дополнителни 1500ха.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close