fbpx
ВестиТоп вести

Утврдени пазарните цени на земјоделското земјиште во Чешиново-Облешево

Општина Чешиново-Облешево ја објави методологијата за проценка на пазарната вредност на земјоделското земјиште врз основа на што ќе се пресметуваат обврските за данок.  Таа е утврдена врз основа на реализираните купопродажби во изминатиот неколкугодишен период, а ќе се применува во текот на оваа година.

 

Општинските служби за финансии процениле дека пазарната вредност на еден декар оризна нива од прва класа изнесува 48 илјади денари, додека за парцела со иста површина и квалитет на која се засејуваат жита и други култури ќе се пресметува данок за кој основата ќе биде во висина од 18 до 30 илјади денари, во зависност од локацијата.

 

– Иако најголем дел од земјдоелското земјиште се оризни ниви, тие и не вредат најмногу, со оглед што за декар овоштарник или лозје вредноста е проценета на 60, односно 66 илјади денари. Слично е и за земјоделското земјиште што катастарски е заведено како градини, при што еден декар од прва класа чини 54 илјади денари. Вредноста на ливадите и шумите е проценета на 18 илјади, а најмалку пасиштата кај кои декар чини 12 илјади денари. Што се однесува за пониските класи, вредноста на секоја категорија земјиште се намалува за околу 10 отсто по класа, истакна Горанчо Крстев, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

 

Освен за земјоделското, утврдена е и вредноста на градежното земјиште кое е поделено во четири зони. За парцелите во прва зона ќе се плаќа од три до осум евра за квадратен метар во зависност од населеното место, а за останатите зони вредноста се намалува пропорционално за по две евра.

 

Според важечките законски прописи, при купопродажбата на земјиште од која било категорија и класа, општината ќе пресметува данок на промет во висина од три отсто на утврдената вредност, додека кај подароците процентот е повисок и изнесува до пет отсто.


 

mtm.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close