вести

Тетовскиот грав во борба со нелојална конкуренција

Пласман на тетовскиот грав има. Меѓутоа се јавуваат дилери од Авганистан, Пакистан, Курдистан и потрошувачката на гравот опадна. Ова го истакна Среќко Алексоски, земјоделец производител на грав од Доброште, на манифестацијата Ден на гравот што по седми пат се одржа во Теарце. Тој укажа дека потрошувачката е намалена и заради тоа што прво опаднале приносите како последица на тоа што старите земјоделци што се занимавале со него умреле, а младите многу не се волни за работа.

tetovskiot grav vo borba so nelojalna konkurencija

 

Според организаторот Центарот за едукација и развој од Теарце, годинашната манифестација имаше најголем одѕив и затоа и се подготвуваше најголема количина грав досега, односно на присутните им се послужија над четиристотини чинии. Меѓу целите беше и запознавањето на младите со карактеристиките на гравот од тетовскиот регион и негова поголема промоција.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close