
Сточарот Тони Петковски-Паша: Не му веруваме на министерот, не излага за исплатата на премијата за млекото иако го поддржувавме
Сега сточарите имаат нови барања а ако не се исполнат ќе следува голем сточарски протест.
Сточарот од село Велушина, Тони Петковски – Паша во изјава за „Зелена берза“ остро реагира дека сточарите се излажани од министерот за земјоделие Цветан Трипуновски дека ќе ги добијат парите од премијата за млекото заклучно со јуни 2025 година. Петковски вели дека сега сточарите имаат нови барања а ако не се исполнат ќе следува голем сточарски протест.
-Присуствував на 6 средби со министерот Цветан Трипуновски што ги остварив во 2025 и 2026 година и на сите средби му верував дека сето она што го кажува дека ќе се оставри и ќе биде вистина, ама сето тоа што го зборуваше пред локалните избори во 2025 и сега на средбите во 2026 година испадна лага. Сите ветувања за исплата на премијата за млекото за 2025 година, за цената на откупното млеко и исплатата на субвенциите излезе дека е голема лага со опашка.
Премолчив и замолчив кога сите сточари од целата држава ме критикуваа и пишуваат коментарите против мене оти ја поддржав новата Програма за субвенционирање на сточарите. Ги оправдувам сточарите во целост, оти им кажував да се стрпат со цел да ја средиме ситуација во сточарството, да ја покачиме откупната цена на млекото, да се решат проблемите со доцнењето на субвенции. Сакав да се надминат проблемите, макар што и во Програмата за субвенции за 2025 беше намалена цената на сите ставки за субвенционирање, но бев гласен и критикував кога министерот дојде во Општина Битола и тогаш кажав дека не се сложувам со таа програма, но за жал ништо не се смени, напротив во 2026 уште еднаш ги намалија средствата за субвенции за сточарите, а ги зголемија квотите“, изјави Петковски за „Зелена берза“.
Тој појаснува дека лани за оставено женско теле за приплод условот беше телето да се од 6 месеци, а годинава да е постаро од 18 месеци, што е голема штета за сточарите.
„Така да замижав ја поддржав Програмата со цел да се исплатата субвенции,“, вели Петковски.
Сточарот неведува дека бил изманипулиран неговиот говор во Скопје кога бил на средба со министерот и други сточари.
„На средбата во Скопје имав говор од 10 минути и му ги кажав сите проблеми на министерот кои ги тиштат сточарите, а тие го исекоа само еден дел од говорот каде кажувам дека ја поддржувам програмата. Затоа велатам дека од сите тие лаги што ги кажа министерот се е залудно, повеќе немам верба дека нешто ќе се случи во сточарството. ВО ПРАВО СЕ СИТЕ СТОЧАРИ ШТО МЕ КРИТИКУВАА, ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВАМ НА МИНИСТЕРОТ, БИДЕЈЌИ МЕ ЛАЖЕШЕ МЕНЕ, А ЈАС ГИ ЛАЖЕВ СИТЕ СТОЧАРИ. Останува ние сите како земјоделски сточарски здруженија да се собериме на еден состанок како што се направи претходно во Прилеп и да се одлучи кога ќе биде генералниот протест, оти се прелева чашата на стоачрите, со лага ага не бива“, изјави сточарот Петковски.
Тој објаснува дека премијата з амлекото требало да се исплати во неделата што измина, според разговорите со министерот, но и тоа не се случи.
„Министерот на првиот состанок во 2026 година на 28 јануари кажа дека да помини Програмата за 2026 во Службен весник и на Влада ќе почне исплатат на субвенциите. Најпрвин за лозарите и овоштарите, тоа се случи, но третата недела, односно овој четврток ние сточарите требаше да земиме субвенции, премија за млеко и пак излагаа,“ вели Петковски.
Според сточарот Петковски сега сточарите ќе настапат со нови барања .
“На првата седница со здруженија сега го менуваме правилникот на барања и јавно кажуваме дека сега за исплата на субвенциите за 2025 го трошат буџетот од 2026 година, ќе бидеме едногласни бараме не како досега да се исплатат не три туку 6 месеци за премијата за млекото или вториот услов е ако се исплатат 3 месеци од премијата за млекото да се исплатат субвенциите по грло стока за цела 2025. До мај месец да бидат исплатени сите субвенции кон сточарите, заостанати и тековни оти ние ја храниме секој ден стоката и за тоа се потребни пари. Во спротивно излегуваме на голем протест,“ порача сточарот Петковски, претседател на здружението „Пелагониско поле“
Анета Блажевска





