Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

До 30 септември земјоделците можат да ги поднесуваат барањата за субвенции за 2026 година

До 30 септември земјоделците можат да ги поднесат барањата за субвенции за 2026 година. Водичот со мерките, условите и постапката за аплицирање е достапен во објавата, а помош може да се добие и во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, напиша Серафимовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување барања за финансиска поддршка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година е 30 септември 2026 година.

Барањата се поднесуваат електронски преку системот на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Земјоделците можат самостојно да го поднесат барањето или да побараат помош во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За полесно информирање и користење на електронскиот систем, подготвен е Водич за директните плаќања во земјоделството за 2026 година, во кој се објаснети мерките, условите, висината на поддршката, потребните обврски и постапката за поднесување и следење на барањата.

Ова на својот фејсбук профил, го сподели и ресорниот министер, Борче Серафимовски, пренесувајќи ја објавата на МЗШВ.

-До 30 септември земјоделците можат да ги поднесат барањата за субвенции за 2026 година. Водичот со мерките, условите и постапката за аплицирање е достапен во објавата, а помош може да се добие и во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, напиша Серафимовски.

Поврзани новости

Back to top button