fbpx
Вести

„Тиквеш“ исплати над 60 отсто од парите за откупеното грозје

tikves

Винарската визба „Тиквеш“ откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари.

Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба „Тиквеш“ исплати близу 63% од вкупната вредност на откупеното грозје.

На ваков начин винарницата повторно го надмина законскиот праг кој предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат исплатени минимум 60 проценти од средствата за откупеното грозје.

-На ваков начин „Тиквеш“ го потврдува својот сериозен однос кон своите партнери-лозарите, овозможувајќи им навремено и квалитетно да ги реализираат сите планирани подготовки за новата винска сезона- велат од винарската визба „Тиквеш“.

Минатата година, винарската визба „Тиквеш“ откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари.


 

инфо

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close