вести

Работилница за перспективата на македонската индустрија за преработка на храна

Работнилница за новата европска перспектива на македонската индустрија за преработка на храна овозможена од ИПАРД програмата, ќе се одржи денеска во Струмица.

Работилницата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а ќе се обрати и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

На работилницата, меѓудругото, ќе се разговара за мерките вклучени во ИПАРД Програмата 2014 – 2020, како што се за примарно земјоделско производство, за преработка и маркетинг на земјоделски производи, и за диверзификација и развој на рурални бизниси.


 

kurir.mk

Слични написи

Back to top button
Close